Една година од првиот „локдаун“ во Европа

Од:

Овој викенд се одбележува една година откако Италија беше прва во Европа што воведе блокада поради Ковид-19 – затворањето опфати одредени региони, како што се Ломбардија и Емилија-Ромања, и специфични сектори, како што се дел од училиштата, и драстичните мерки што го шокираа светот, пишува Гардијан.

Во тоа време, Италија имаше 152 регистрирани случаи и три смртни случаи од ковид, па се изгледаше како прекумерна реакција, се додава во текстот.

Сепак, како одминуваа деновите, мерките стануваа се порестриктивни – до 4 март, сите училишта во Италија беа затворени, а една недела подоцна, целата земја беше под блокада.

До 12 март починаа повеќе од 1.000 луѓе, а за само уште четири дена починаа уште 1.000 лица.

„Во тоа време имаше забави во повеќето земји, кога Италијанците беа заробени во своите домови, гледајќи сцени на телевизија како од филмови со апокалипса – медицински лица во специјални одела, болнички оддели полни боци со кислород и мртовечници преполни што војската се повикуваше за помош“, наведува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани