Точно пред една година Андерс Брејвик во експлозија на владината зграда и на островот Утоја уби 77 луѓе, од кои поголемиот број беа тинејџери.
Преживеаните од Утоја се сеќаваат како на почетокот на пукањето мислеле дека се работи за петарди.
Брејвик на судењето изјави дека единствено жали што нападот не го организирал неколку дена порано за да ја убие и сопругата на Ачо Есбати, кој има иранско потекло и на островот држеше предавања за младите левичари. Неговата сопруга е позната норвешка феминистка.
„Зборуваше дека сака да ја убие зашто е предавник, а фактот дека чекаше бебе со мене, Иранец, исто рече дека е дел од нејзиното предавство“, изјави Есбати.
За сите што го пеживееа нападот, вистинското мачење следеше откако почна судењето.
Кити Ејде од Националниот совет за помош на преживеаните од Утоја вели дека судењето било како десет недели во пекол. Многумина од преживеаните повторно морале да се соочат со сцените и со секој детал од масакрот на островот.
Публицистот Свере Бјорстад Граф изјави дека настапите на десничарите после трагедијата многу омекнале.
„Увидоа колку зборовите можат негативно да влијаат на другите“, оценува Бјорстад Граф.
Експлозијата во зградата на владата и масакрот на острвот Утоја спрема замислата на Брејвик, требаше да го поттикне отпорот кон имигрантима.
Колико норвешкото опшество направи да не дојде до тоа покажува податокот дека бројот на имигранти во минатата година не се намалил туку е зголемен.