Единаесетгодишно момче и седумгодишно девојче се убиени во Велика Британија

Од:

Полицијата во британскиот град Стафордшир ги именуваше двете деца кои починаа вчера, откако беа пронајдени повредени во куќа во Стоук-он-Трент.

Станува збор за 11-годишниот Итан Џон и неговата седумгодишна сестра Елизабет. Двајцата биле пронајдени со тешки повреди во куќа на улицата Лен, каде подоцна починале. Нивните училишта им оддадоа почит.

„Итан беше прекрасен член на нашата училишна заедница. Имаше беспрекорни манири и заразна насмевка. Ќе им недостасува многу на вработените и учениците и засекогаш ќе биде дел од нашите срца“, велат од училиштето на Итан.

Оддавајќи ѝ почит на Елизабета, нејзиното училиште рече: „Елизабет беше љубезен, грижлив и пријателски член на нашето училишно семејство. Таа беше пријателка на сите и сончев зрак кој секогаш имаше насмевка на нејзиното лице“.

49-годишна жена од Стоук-он-Трент е уапсена под сомнение за убиство.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Масовно затворање пабови во Англија

А1он