Единаесет загинати во автобуска несреќа во западен Сибир

Од:

Единаесет лица загинаа и 33 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во западен Сибир, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалните власти.

Сообраќајната несреќа се случила на 70 километри западно од градот Краснојарск.

Во автобусот се наоѓале 43 лица, меѓу кои и три деца. До овој момент не се познати други детали за инцидентот на патот.

За утре во Краснојарскиот регион е прогласен ден на жалост.

На 9 јули, во истиот регион од Руската Федерација, исто така, 11 лица загинаа и 10 беа повредени во судир на патнички автобус и возило на Брза помош.

Минатата година во автомобилски несреќи во Русија загинале около 27. 000 лица, забележуваат француските медиуми. Земјата и натаму останува на едно од првите места во светот според смртноста на патиштата. Главните причини за тоа се масовното управување со возилата во пијана состојба, непочитување на правилата за движење и лошата состојба на патиштата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Сибир -50 степени, Москва беше затрупана од рекорден снег за овој период од годината

Во најстудениот град во светот е минус 50 степени

Во село во Јакутија температурата се спуштила до минус 61 Целзиусов степен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во рафинерија во Сибир, двајца загинати

Најмалку 10 загинати во пожарите во Сибир – ги шири силниот ветар

Ана Ололовска

Разорни пожари во Сибир, има загинати

Ана Ололовска