Полицаец загина во напад на тројца бомбаши самоубијци врз полициска станица во источниот дел на Авганистан, соопшти претставник на локалните власти, пренесува ДПА.
Уште еден полицаец е повреден, а 25 возила се изгорени, истакна портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар.
Група од тројца бомбаши самоубијци изутринава нападнаа центар за логистика во округот Бехсуд. Првиот се саморазнесе на влезот на комплексот, по што влегле останатите двајца. Тие се убиени во престрелка со силите за безбедност, соопшти портпарол на полицијата.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.