Најмалку едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случи рано изутрината на автопат во близина на чешкиот главен град Прага, јави дописникот на МИА.
Според сведоците, автобус со француски регистерски таблички, во кој се превезувале деца, прво удрил во заштитната ограда, по што излетал од патот.
Портпаролката на противпожарната служба Павла Јакоубкова изјави дека во несреќата загинал едниот возач на автобусот, додека другиот возач и уште 20 патаниц се повредени и се префрлени во најблиската болница.