Еден полицаец загина, а тројца негови колеги се ранети денеска при самоубиствен напад во јужната авганистанска провинција Хелманд.
Портпаролот на локалната полиција Фаред Обаид соопшти дека нападот бил извршен изутринава во главниот град на Хелманд, Лашкар Гах.
Според него, бомбашот-самоубиец се упатил кон една полициска станица, но кога бил спречен да влезе во зградата, го детонирал експлозивот што го носел на себе.
Засега никој не презел одговорност за нападот, но полицијата се сомнева дека тој е дело талибанците, кои во последно време ги интезивираа нападите врз припадници на безбедносните сили, додека војниците на меѓународната мисија се подготвуваат да ја напуштата земјата до крајот на годинава.