Во бунт во затвор во градот Фолсам, Калифорнија убиен е еден затвореник, а петмина се повредени.
Бунтот избувнал во дворот на затворот, а стражарите пукале во воздух и употребиле солзавец за смирување на ситуацијата.
Се уште не е позната причината за немирите. Ниту еден од затворските стражари не е повреден.