Еден човек загина, а 14 се повредени во експлозија во стан од станбена зграда во шпанското летувалиште Премиа де Мар, на околу 20 километри северно од Барселона, соопшти противпожарната служба.
Двајца од повредените се во тешка состојба.
Експлозијата се случила во 08.25 часот по локално време.
Седумкатната зграда е евакуирана. Пожарникарите проверуваат дали експлозијата се должи на несреќа или е намерно предизвикана.