На остров во западна Австралија откриен е еден тон дрога откако јахта поминала преку гребен и се заринкала, а две лица кои се наоѓале на неа побегнале.
Жителите ја известиле полицијата за бродот „Зеро“ кој се заринкал покрај островот Стик, како и за сомнителното однесување на луѓето кои биле на него.
Полицијата ги фатила двете лица, Французин и Британец, седум километри подалеку од островот Буртон, каде што дошле со гумен чамец.
На островот се пронајдени околу 40 торби покриени со морски алги, а во нив имало околу еден тон дрога, кокаин и екстази.