Еден полицаец загина, 13 се повредени во Чеченија

Од:

Еден полицаец загина, а 13 се повредени во судир со екстремисти во населбата Харсеној во Шатојскиот регион во Чеченија, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.

Шестмина од полицајците се здобиле со прострелни рани од среден степен, но сите повредени се надвор од животна опасност.

Полицајците се судриле со припадниците на паравоените формации за време на специјална операција.

Безбедносните сили се ангажирани во потера по членовите на „криминалното подземје“ во тешко достапниот планински предел на Чеченија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски