Пријателите на 19-годишниот уапсен за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт требало да работат таму како чувари, пишува денеска австрискиот весник „Курир“. Како чувари, тие би имале пристап до различни локации околу местото на концертот.
Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се и детално ги опишал плановите за нападот. Според австриските медиуми, тие требало да влетаат на концертот со автомобил па да активираат бомба.
За потсетување, три концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена беа откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.
Истрагата за планираните напади се уште е во тек.
Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се и детално ги опишал плановите за нападот. Тој потврди и дека информации за нападите добиле од тајната служба.
Тинејџер со северномакедонски корени се смета за главен осомничен и тесно соработувал со 17-годишниот Австриец, изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф за радиото ОРФ.
Двајцата се дел од малата група која ја истражува полицијата, рече Руф, додавајќи дека 19-годишникот се заколнал на верност на радикалната група Исламска држава.
„Се разбира, ја истражуваме нивната поширока околина“, рече Руф, додавајќи дека заканата е минимизирана по апсењето.