Еден милион двојки во Кина поднеле барање за второ дете

Од:

Околу еден милион двојки во Кина побарале дозвола од Владата да имаат второ дете, откако во 2013 година земјата ја либерализира политиката за семејно планирање.

Политиката на едно дете во семејствата започна во 1979 година, со цел да се ограничи брзото зголемување на населението.

Според новите правила, родители, кои немаат браќа или сестри, имаат право да поднесат молба за второ дете, пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.

Бројот на „дополнителните“ раѓања се очекува да достигне два милиона годишно, што е околу очекуваното ниво при воведување на промените, изјави службеник во Националната комисија за здравство и семејно планирање.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски