Еден кинески работник загина, над 90 се ранети во антикинески протести во Виетнам

Од:

Еден Кинез, кој работел во Виетнам е убиен, а стотина се ранети за време на протести против поставување на кинеска нафтена платформа во регионот на Јужното Кинеско Море, за кој претензии имаа Ханој.

Толпа од илјада лица ја нападнаа тајванската металуршка фабрика во провинцијата Ха Тин во централен Виетнам, сопственост на компанијата „Формоса Пластик“, еден од најголемите странски инвеститори во Виетнам.

Напаѓачите запалиле неколку згради и ги нападнаа кинеските работници.

Според податоците на полицијата еден кинески граѓанин е убиен, а околу 90 се ранети.

Разгневена група граѓани вчера запалија и ограбија десетици фабрики во јужен Виетнам, претежно странски, мислејќи дека се кинески, но многу од нив биле тајвански и јужнокорејски. 

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски