Ѕвездата на филмот „Патувачкиот продавач“, актерката Таране Алидости уапсена во Иран

Од:

Иранаската актерка Таране Алидости, ѕвезда на филмот награден со Оскар „Патувачкиот продавач“, беше уапсена во Иран, каде протестите за правата на жените постепено се претворија во бунт против режимот веќе четврти месец по ред.

Позната по улогите во филмовите на иранскиот режисер Асгар Фархади, Алидости е исто така активистка за правата на жените и постојано ги поддржуваше протестите на Инстаграм кои беа поттикнати од смртта на младата девојка Махса Амини, која беше убиена во притвор на 16 септември, каде што била приведена поради непрописно носење хиџаб.

„Таранех Алидости е уапсена за неодамнешни дејствија и објавување лажни информации и содржини, за поттикнување хаос“, објави агенцијата „Тасним“ без да прецизира во кој затвор е одведена. На 8 декември, 38-годишната актерка ги осуди властите за бесењето на Мохсен Шекари, кој беше осуден на смрт поради „водење војна против Бога“.

Целата меѓународна организација која го гледа ова крвопролевање и не реагира е срам за човештвото“, напиша Алидости на Инстаграм. Во ноември таа вети дека нема да ја напушти татковината и дека ќе ја „плати цената“ потребна за да ги брани своите права. Таа најави дека ќе престане да работи за помош на семејствата на загинатите или уапсените во протестите.

Алидости е најпозната по улогата на актерка во филмот „Трговец“ на Асгар Фархади, кој го освои Оскарот за најдобар странски филм во 2017 година. Нивниот претходен филм „За Ели“ исто така беше номиниран за Оскар, а оваа година таа учествуваше на Канскиот филмски натпревар со „Лејла и нејзините браќа“ во режија на Саид Рустаји.

Неколку истакнати имиња во иранската кинематографија, како режисерите Мохамад Расулоф и Џафар Панахи, изразија загриженост поради нејзиното апсење. Од средината на септември, властите уапсија илјадници Иранци и околу четириесетина странци, а повеќе од 2.000 лица се обвинети за нивната поврзаност со протестите. До денес, смртните казни се извршени на двајца мажи од вкупно 23 осудени на смрт за учество во бунтот против власта.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он