Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал- Џубеир, изјави денеска дека либанскиот премиер во оставка Саад Харири може да се врати во Либан секогаш кога ќе посака.
Џубеир додаде дека Харири ќе ја процени безбедносната ситуација во Либан пред да се врати.
Наводите дека Ријад го држи Харири во притвор, саудискиот министер ги отфрли и ги нарече „неосновани”.