Американскиот милијардер Џорџ Сорос ќе соработува со „Мастеркард“ за помош на мигрантите, бегалците и други луѓе, кои се соочуват со потешкотии во светот со цел да се подобри нивната социјална и економска положба.
Идејата за здружението „Хјуманити венчрс“ произлегува од ветувањето на Сорос да усвои 500 милиони долаи за инвестиции во справувањето со предизвиците, со кои се соочуваат мигрантите и бегалците.
Во заедничката изјава објавена денеска милијардерот и „Мастеркард“ посочија дека и покрај милијардите долари хуманитарна помош и средствата за развој, милиони луѓе и натаму не се интегрираат во општеството. Приватниот сектор може, според нив, да даде помош за подобрување на ситуацијата.
– Мигрантите често пати паѓаат во очај во заедниците, кои ги примаат, бидејќи не можат да добијат пристап до финансиските, медицинските и владините услуги, нагласи Сорос.
„Хјуманити венчрс“ планира првично да се насочи кон здравството и образованието и има цел да помага во економскиот развој и претпримеништвото на локално ниво.