Џорџ Озборн ќе биде старо-нов британски министер за финансии

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека ќе го задржи Џорџ Озборн на функцијата министер за финансии во својата нова Влада, пренесоа британските медиуми.

Озборн, кој е член на Конзервативната партија, оваа функција ја заземаше во целиот прв петгодишен мандат на британскиот премиер Камерон.

Овој период беше одбележен со заздравување на британската економија од финансиската криза, што првично се одвиваше бавно, но доби на темпо во последните две години. Озборн успеа двојно да го намали државниот дефицит на Велика Британија, но не ја постигна својата цел – целосно да го елиминира.

Се очекува денеска да бидат објавени и другите именувања во новата Влада, откако британските конзервативци на вчерашните парламентарни избори го освоија апсолутното мнозинство.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство