Џонсон верува во пост-Брегзит договор до крајот на јули

Од:

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека верува оти таканаречениот пост-Брегзит трговски договор е можен до крајот на следниот месец, по разговорите со лидерите од ЕУ.

„Колку побрзо го сториме тоа, толку подобро. Не гледаме причина зошто не треба да го направите тоа во јули,“ рече тој, по повиците за „нов моментум“ во преговорите.

Претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, имаа видео конференција со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Видео-средбата на највисоките претставници на ЕУ и Велика Британија беше организирана со цел да се разгледа ситуацијата околу преговорите што се водат за идните односи меѓу Брисел и Лондон.

Пред средбата со Џонсон од Брисел рекоа дека се подготвени да ги „интензивираат разговорите“ и да дадат „свеж импулс“ на преговорите.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година