Џонсон: Суспензија на Русија од Советот за безбедност на ОН е тешко да се спроведе

Од:

Суспензија на членството на Русија во Советот за безбедност на ОН е тешка задача, со оглед на спецификите на таа организација. Со таков став денеска излезе британскиот премиер Борис Џонсон.

– Навистина е тешко да се направат какви било промени во структурите на ОН без гласање. Русија има право на вето во Советот за безбедност. Не можеме да ги промениме правилата без согласност на Русија, нагласи Џонсон на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и естонскиот премиер Каи Калас во Талин.

Џонсон одговори на прашањето на новинарите за идејата за суспендирање на членството на Русија во Советот за безбедност на ОН поради инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски