Џонсон: Се уште се многу оддалечени, но има надеж

Од:

Велика Британија и Европската унија се многу оддалечени кога станува збор за клучните прашања во трговските разговори за Брегзит, така што луѓето треба да бидат подготвени за непостигнување договор до 31 декември, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

– Се плашам дека се уште сме многу далеку кога станува збор за некои клучни работи, но се додека има живот, има и надеж. Ќе продолжиме да разговараме за да видиме што можеме да направиме. Велика Британија сигурно нема да ги напушти разговорите”, изјави Џонсон.

Денеска е крајниот рок за постигнување договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи и бидејќи не е постигнат, договорено е преговорите да продолжат и по преодниот рок.

Џонсон рече дека е подготвен да разговара и со „другите престолнини“, но дека Европската комисија е „многу одлучна“ прегововите да се водат меѓу неа и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска