Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор со Русија што не е во нејзин интерес.
Тој притисок врз Украина може да дојде, смета Џонсон, поради економските последици од војната во Европа.
„Премногу земји велат дека ова е европска војна која е непотребна и затоа притисокот ќе се зголеми за да се охрабрат – можеби да се принудат – Украинците на лош мир“, изјави Џонсон.
Џонсон рече дека последиците од евентуалното остварување на плановите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ќе бидат опасни за меѓународната безбедност и ќе значат „долгорочна економска катастрофа“.