Џонсон предвидува договор за Брегзит во последен момент

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е малку пооптимист оти може да склучи нов договор за Брегзит по средбите со лидерите на ЕУ во последните денови, но призна дека задачата е „тешка“ и оти тој договор би можел да биде постигнат „на самиот крај“ од процесот.

На завршната прес-конференција од својот прв меѓународен самит, Џонсон истакна дека шансите за договор зависат исклучиво од ЕУ и од тоа дали се подготвени да го отстранат „бекстоп“ планот за Северна Ирска од договорот за Брегзит.

– Мислам дека ЕУ обично постигнува договор токму на карјот, тоа го забележав и во своето набљудување на бриселските преговори, нагласи Џонсон, додавајќи дека Брегзит нема да се случи пред 31 октомври , кога е законскиот рок до кој Британија треба да излезе од ЕУ.

Британскиот премиер изјави дека „земјата дотогаш апсолутно колосално, опсежно и фантастично ќе се подготвува за Брегзит без договор“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година