Џонсон: Посакуваме стабилен и успешен Балкан, ќе работиме на тоа

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, во пресрет на Самитот на лидерите од земјите од Западен Балкан, што денеска се оддржува во Трст и на кој и тој присуствува, порача дека ќе ги здружи силите со британските сојузници за да му се помогне на регионот да се реформира, стабилизира и просперира.

Џонсон најави ќе го повика регионот и пријателите да ги засилат напорите со цел Балканот да се развива како „светилник на демократијата и економскиот раст“.

Шефот на британската дипломатија, исто така, на собирот во Трст ќе потврди дека Велика Британија ќе биде домаќин на Самитот за Западен Балкан во 2018 година, а во пресрет на денешниот Самит во Трст тој рече дека е горд што неговата земја следната година ќе биде домаќин на таков собир.

– Тоа е силен доказ за нашата поддршка на неопходните реформи за да се подобри безбедноста на регионот, да се засили економијата и да се спречат предизвиците како што се илегалната трговија на дроги и луѓе, кои претставуваат закана за сите нас, било да сме на Западен Балкан или во Велика Британија, рече тој во пресрет на самитот.

Форин офисот соопшти дека денеска на Самитот во Трст ќе биде лансиран новиот Акциски план за регионална економска зона за да се поттикне отворањето нови работни места, нови инвестиции во областа на сообраќајната и енергетската инфрастртукура, како и дигиталните проекти заради подбро поврзување во регионот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on