Џонсон: По уривањето на украинскиот авион неопходна е дипломатијата

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека случајното соборување на украинскиот патнички авион со иранска ракета го покажува значењето на деескалацикјата на тензиите на Блискиот Исток и оцени дека признаието на Иран дека авионот по грешка го собориле нивните вооружени сили е важен прв чекор во тој правец.

Џонсон преку соопштение наведува дека сега е неопходна сеопфатна, транспарентна и независна истрага и додаде дека Велика Британија тесно соработува со Канада, Украина и други меѓународни партнери за телата на загинатите да се вратат во нивните татковини.

„На сите ни е јасно дека натамошниот конфликт може да доведе само до поголеми загуби и трагедии. Од клучно значење е сите лидери сега да се свртат кон дипломатскиот пат за решавање на кризата“, наведува Џонсон во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Меѓу 176-те патници и членови на екипажот кои погинаа во украинскиот авион имаше и четворица британски државјани.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала