Џонсон: Она што се случи со бришењето полициски податоци е незамисливо

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е незамисливо тоа што се изгубени полициски податоци, но нагласи дека неговата Влада работи на враќање на истите и ја проценува штетата, откако илјадници досиеја се случајно избришани.

– Секако дека е незамисливо кој било податок да биде изгубен, но во овој момент се трудиме да ги вратиме тие податоци, истакна Џонсон во Парламентот.

Грешка во шифрирањето доведе до случајно бришење на околу 400.000 досиеја од базата на британската полиција, но експерти работат на враќање на податоците, истакна утрово британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

– Дозволете ми да објаснам. Станува збор за шифрирање и губење на околу 400.000 досиеја, но реалната бројка би можела да биде помала, нагласи Пател.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон