Џонсон: Не е време за ново гласање за независност на Шкотска

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека се уште не е време за ново гласање за независноста на Шкотска и дека Велика Британија е посилна како единствена економска единица.

„Со години се залагаме за став дека не е време за уставни измени. Нашата економија е посилна благодарение на фактот што сме заедно“, рече Џонсон.

Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека втор референдум за независност на Шкотска е планиран за октомври следната година, ветувајќи дека ќе преземе правни мерки за да обезбеди гласање доколку британската влада се обиде да го блокира, пренесе Ројтерс.

Шкотска гласаше против независноста од Велика Британија на референдум во септември 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари