Џонсон: Не е доцна за вистински план за Брегзит

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека не е доцна британската Влада да постигне договор за „вистинска промена” на планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит и изрази противење за новото гласање во Парламентот оваа недела.

Џонсон, кој беше еден од водечките личности во кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ на референдумот во 2016 година, во колумна за британски „Телеграф“ порача дека можеби постои начин да се излезе од ќор-сокакот кога станува збор за ставот на Парламентот за Брегзит.

Тереза Меј очекува да добие поддршка од британскиот Парламент на третото гласање за нејзиниот нов план за Брегзит оваа недела.

Предвидениот термин за влегување во сила на Брегзит е 29-ти март, а датумот најверојатно ќе биде променет оти пратениците неодамна гласаа за одложување на Брегзит за најмалку три месеци.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година