Џонсон на новиот директор за комуникации Гут Хари му го испеал хитот „I will survive”

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон на својот нов директор за комуникации Гут Хари му испеа дел од хитот на Глорија гејнор, „I wiil suvive“ ( Ќе преживеам), во екот на скандалот со забавите во локдаунот и заминувањето на неколку негови блиски соработници.

Хари, кој беше негов портпарол и шеф на кабинет за време на првиот мандат на Џонсон како градоначалник на Лондон, во саботата беше назначен на новата функција по неговиот состанок со премиерот ден претходно.

Би-Би-Си наведува дека Хари изјавил дека неговиот старо-нов шеф „не е комплетен кловн, туку многу добар карактер“, откако Џонсон се соочи со бран критики поради хаотичниот начин на владеење.

Хари за „Golwg 360“ изјави дека по диско хитот двајцата заедно „добро се насмеале“, но потоа седнале и имале многу сериозни разговори „за враќање на владата на вистинскиот пат и како да се оди напред“.

-Деведесет проценти од нашиот разговор беше многу сериозен, но тој е таков лик и мора да се шегува, додаде тој.

Петмина соработници минатата недела го напуштија Џонсон, од кои тројца поради забавите во резиденцијата на британскиот премиер за време на локдаунот, што важеше за сите Британци.

Хари е еден од првите новоименувани луѓе, по шефот на кабинетот Стив Баркли.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски