Џонсон: Лондон и Анкара имаат идентични ставови за сириската криза и борбата против ИД

Од:

Властите во Велика Британија и Турција имаат заеднички погледи за серија регионални теми и, во тој дел, и во однос на сирискиот конфликт, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон на прес-конференција по разговорите со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, пренесе ТАСС.

– Ние имаме многу слични и блиски погледи за регионалните прашања, за темата за решавање на конфликтот во Сирија, за прашањата за борбата со (терористичката група) Исламска држава. И ние ги поддржуваме сите напори на Турција во овие правци, посочи Џонсон.

Шефот на турската дипломатија, исто така, зборуваше за заедничката волја на Турција и Велика Британија во однос на борбата против Ислмска држава, пренесе НТВ.

Според Чавушоглу, двете земји имаат заеднички погледи за прашањето за обезбедување на примирјето во Сирија. Тој изрази жалење за одлуката на Велика Британија да се раздели од ЕУ, но подвлече дека треба да се почитува демократската волја на народот. Истовремено, шефот на турската дипломатија смета дека тоа може да претставува можност односите меѓу Турција и Велика Британија да добијат нови вредности.

– Ние ја напуштаме Европската Унија, но не ја напуштаме Европа, забележа Џонсон, цитиран од британските медиуми.

Чавушоглу изрази задоволство од политиката на Обединетото кралство во однос на Курдската работничка партија (ПКК).

– Ја гледаме поддршката од Велика Британија во борбата против ПКК. Наша желба е оваа поддршка да ја зголемиме, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца