Џонсон: Ќе се придржуваме до законот, Брегзит на 31 октомври

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата Влада ќе се придржува до законот и дека останува посветен на тоа земјата да ја напушти Европската унија со постигнатиот договор.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор, но Парламентот го донесе законот со кој се обврзува да побара продолжување на рокот ако не се постигне договор до 19 октомври.

– Ние ќе го почитуваме законот, но убедени сме дека можеме да ја напуштиме Унијата на 31 октомври. Најдобар начин да се постигне тоа е да постигнеме договор, рече Џонсон одговарајќи на прашањето дали ќе побара одложување или ќе го заобиколи законот, кој го нарече „чин на предавање“.

Според него, „затоа тој чин на предавање е толку штетен“.

– Тоа има влијание на нашите европски пријатели поради што размислуваат – можеби Парламентот може да го блокира ова, можеби ќе бидат принудени да го продолжат рокот. Ова очигледно ги отежнува преговорите, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот