Британскиот премиер Борис Џонсон денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Брегзит , трговијата и други актуелни економски теми, соопштија од кабинетот на британскиот премиер.
-Премиерот денеска разговараше со претседателот Трамп. Тие расправаа за глобалните економски теми, трговијата, а премиерот го извести претседателот за новите случувања околу Брегзит, изјави портпаролка на кабинетот на Џонсон, пренесоа британските меидуми.