Џонсон и принцот Салман согласни за одржување на енергетската стабилност

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман денеска се договорија да работат заедно на обезбедување стабилни енергетски пазари по руската инвазија на Украина, како и да ја зајакнат трговската, одбранбената и безбедносната соработка, соопшти кабинетот на Џонсон по неговата посета на Саудиска Арабија.

„Премиерот и престолонаследникот се согласија да работат заедно за одржување на стабилноста на енергетскиот пазар и продолжување на преминот кон обновливи извори на енергија и чиста технологија“, се вели во соопштението.

Како што е наведено, британскиот премиер за време на посетата го пофали напредокот во реализацијата на стратешката рамка на Саудиска Арабија „Визија 2030“, вклучително и зајакнувањето и вработувањето на жените, но изрази загриженост за актуелните прашања во однос на почитувањето на човековите права.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД