Џонсон и Лајен: Ставовите далечни, одлука до крајот на викендот

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, го завршија синоќа состанокот во Брисел со порака дека „ставовите останаа одддалечни“ и дека „одлуката ќе биде донесена до крајот на викендот“.

„Имаме јасно разбирање за меѓусебните ставови. Тие остануваат далеку едни од други. Договоривме дека тимовите ќе се соберат веднаш и ќе се обидат да ги решат овие суштински прашања”, се нагласува во заедничката изјава на Фон дер Лајен и Џонсон.

Главните преговарачи на двете страни, Мишел Барние и Дејвид Фрост, исто така, присуствуваа на разговорите за договорот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија во седиштето на ЕК во Брисел.

По состанокот, Фон дер Лајен и Џонсон потврдија дека има „значителни“ разлики меѓу двете страни, но тие се согласија дека решението мора да се најде во следните 72 часа, објави лондонски Гардијан.

Според Даунинг стрит, разговорите биле „искрени“, што би значело дека преговарачите биле енергични и без „влакна на нивните јазици“, наведува весникот.

„Двете страни се уште не постигнаа договор и не е јасно дали може да се надминат разликите“, рече извор од Даунинг стрит, додавајќи дека Џонсон не сака да го остави патот кон евентуален договор непрекинат.

Исто така, се наведува дека Џонсон му рекол на претседателот на Европската комисија и главниот преговарач Мишел Барние, дека не може да ги прифати условите во договорот што ќе ја поврзе Велика Британија со правилата на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека има шанси да се постигне договор, но исто така предупреди дека не очекува утре да има взаемно прифатлив договор.

– Ако Велика Британија има неприфатливи барања, тогаш ќе продолжиме без договор. Едно е сигурно: интегритетот на единствениот пазар мора да се зачува, рече германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска