Џонсон го отфрли барањето на Единбург за нов референдум за независност на Шкотска

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска писмено и одговори на шкотската премиерка Никола Старџен, отфрлајќи го нејзиното барање Единбург да добие надлежности за спроведување нов референдум за независност на Шкотска, пренесоа британските медиуми.
Во актуелната ситуација референдумот не може да се спроведе без санкција од Лондон.

Старџен му пиша на Џонсон уште во декември, со барање да се влезе во преговори за префрлање на надлежностите врз Единбург за одобрување на плебисцит од британската Влада.

„Не мажам да се согласам со секое барање за префрлање на надлежностите кое ќе доведе до натамошни референдуми за независност“, напише Џонсон во писмото, кое го објавува на Твитер, кажувајќи и на шкотската премиерка дека во 2014 година се согласиле за референдум во кој Шкотланѓаните избраа да останат во Обединетото кралство, и ова гласање ќе биде „еднаш за секогаш“.

„Нов референдум за независност ќе ја продолжи политичката стагнација која се забележува во Шкотска во последната деценија… Време е сите да работиме за да го обединиме целото Обединето кралство“, напиша британскиот премиер во писмото до Старџен.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот