Џонсон ги обвини руските сили дека се обидуваат да ја избришат украинската култура на окупираните територии

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон ги обвини руските сили дека се обидуваат да ја избришат украинската култура во областите што ги зазеле.

Тој во видео порака на меѓународниот културен самит во Единбург, кој се одржува во шкотскиот парламент, рече дека се врши „културен вандализам“.

– Низ историјата видовме што се случува кога агресорите се обидуваат да ја угнетуваат и елиминираат културата. Тоа го видовме со нацистите во Втората светска војна, Црвените Кмери во Камбоџа, талибанците во Авганистан. Денес, светот повторно е сведок на непростливи акти на културен вандализам, овој пат во Украина. Голем дел од извртеното образложение на Путин за неговата инвазија почива на тврдењето дека Украина не е вистинска држава. Ова е лага што тој сака да ја оствари со систематско бришење на сите траги на вековната украинска култура од териториите што ги окупираа неговите трупи, рече Џонсон.

Тој најави дека Велика Британија ќе финансира мерки за заштита на културното наследство, како и воена и хуманитарна помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ