Џонсон: ЕУ да направи мала отстапка додека има време

Од:

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека сака Европска Унија да направи мали отстапки за Брегзит додека „се уште има време“, а во спротивно нема да има трговски договор.

– Би било разумно од нивна страна во овој момент да го направт тој исчекор, да се доближат до нашите ставови, додека има простор за дискусија. Тоа уште не го направија и некако е разочарувачки, истакна Џонсон.

И британскиот министер за локална самоуправа Роберт Џенрик истакна дека се надева оти ЕУ може да преземе мали, но значителни отстапки, со што би покажале дека ја „почитуваат Велика Британија како самостална нација“.

– Но, ако не се во состојба тоа да го направат,тогаш нема да успееме успешно да ги завршиме разговорите за двете страни, посочи Џенрик.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон