Џонсон: Екстремисти ги киднапираа протестите против расизмот во Британија

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека „екстремистите ги киднапирале“ антирасистичките демонстрации што последните денови се одржуваат во Велика Британија.

Неговата изјава доаѓа по уништувањето на споменици на одредени личности од колонијалната ера.

„За жал, јасно е дека екстремистите ги киднапираа демонстрациите,“ напиша Џонсон на Твитер.

Тој ги осуди нападите врз полицијата, што ги оцени како „неподносливи и одвратни“.

„Единствен одговорен став е да се остане настрана од демонстрациите,“ посочи Џонсон.

Поради стравување од нови насилни демонстрации за претстојниот викенд, споменикот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, што се наоѓа во близина на  Парламентот во Лондон, заштитен е со шперплоча, а заштитени се и други споменици. На споменикот на Черчил пред неколку дена беше напишано „Беше расист“.

„Апсурдно е и срамно е што националниот споменик денес е под ризик од напад од национални демонстранти. Черчил понекогаш изразуваше мислења што беа и останаа неприфатливи за нас денес, но тој беше херој, кој заслужува свој споменик,“ наведе Џонсон.

Тој додаде дека Велика Британија не може повторно да испише историја или да го цензурира своето минато.

„Не можеме да се правиме дека имаме поинаква историја,“ истакна Џонсон.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он