Џонсон: Досега вакцинирани 2.4 милиони Британци

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека досега вакцината ја примиле 2,4 милиони граѓани.

– Мислам дека досега вакциниравме два милиона луѓе, рече Џонсон за време на посетата на центар за вакцинација.

Тој посочи дека Националната здравствена служба работи „неверојатно добра работа“.

Во исто време, портпарол на британскиот премиер рече дека британската Влада продолжува да ги следи најновите податоци и да ги разгледува сите мерки против Ковид-19.

– Ги разгледуваме најновите податоци и статистички информации … продолжуваме да ги разгледуваме тие податоци и да ги следиме и да ги разгледуваме мерките, изјави портпаролот.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година