Џонсон: Британија ќе ги смени правилата ако Кина наметне закон на Хонг Конг

Од:

Велика Британија ќе ги смени правилата за имиграција доколку Кина го спроведе законот за безбедност во Хонг Конг, рече британскиот премиер Борис Џонсон.

– Од примопредавањето во 1997 година, постоеше вреден концепт според клучот „една земја, два система“, загарантиран во Уставот на Хонг Конг и на кој се заснова заедничката декларација потпишана од Велика Британија и Кина“, изјави Џонсон за „Саут Џајна Морнинг пост“.

Британскиот премиер додаде дека одлуката на Кина да наметне закон за национална безбедност на Хонг Конг ги „намалува слободите и драматично ја поткопува неговата автономија “.

Тој го опиша кинескиот чекор како конфликт со обврските што ги презеде во Заедничката декларација.

– Ако Кина наметне закон, британската Влада ќе ги промени своите имиграциски правила, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година