Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката Тереза Меј, вети дека Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври со или без договор со Унијата.

– Моето ветување е да ја напуштиме ЕУ на Ноќта на вештерките, 31 октомври, вели Џонсон.

Борис Џонсон и актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, ќе се борат за функцијата премиер и лидер на Конзервативна партија, бидејќи освоија најмногу гласови на партиската трка за лидер.

Конзервативците избираат нов лидер откако Тереза Меј поднесе оставка откако не успеа да го спроведе Брегзит.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година