Џонсон: Ако пратениците гласаат против Владата, одиме на избори

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон јасно стави до знаење дека доколку пратениците вечерва одлучат да гласаат против неговата Влада, тогаш Британците треба да одлучат на избори кој ќе преговара со Европската унија, изјави негов портпарол.

Пратениците се очекува да гласаат денеска за планот да му дадат на Парламентот повеќе време да донесе закон со кој ќе го принуди Џонсон да побара одложување на Брегзит, закажан за 31 октомври, со или без договор со ЕУ.

– Премиерот беше многу јасен… ако пратениците гласаат вечерва да ја отфрлат преговарачката позиција на Велика Британија, да ја предадат власта на опозицијата, тогаш следниот логичен чекор за овој премиер е нешто што не сака… избори, истакна портпаролот на Џонсон.

Тој ги предупреди конзервативците кои ќе гласаат против Владата или апстинираат дека бидат протерани од парламентарната група на таа партија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година