А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

by А1он09/02/2025 - 20:4909/02/2025 - 20:50727
Share0

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги обвини САД дека стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот, потврдувајќи ја политиката на Пјонгјанг за натамошен развој на своите нуклеарни сили, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Добивај вести на вибер

За време на посетата на Министерството за одбрана во саботата по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на севернокорејските вооружени сили, Ким рече дека американските стратешки нуклеарни средства се распоредени на Корејскиот полуостров и дека заедничките воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја водат кон „нова структура на конфликти“, за која рече дека претставува голем предизвик за Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер ги обвини САД за војната меѓу Русија и Украина, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким изјави дека севернокорејската армија и народ континуирано ќе ја поддржуваат борбата на рускиот народ за, како што рече, одбрана на својот суверенитет, безбедност и територијален интегритет, објави Јонхап.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот по средбата со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба изјави дека ќе воспостави односи со Северна Кореја, откако двајцата лидери изразија загриженост за нуклеарната програма на Северна Кореја.

kim dzong unseverna koreja

Би можело да ве интересира

Брачен пар заработи богатство со приватен бизнис – веднаш стрелање, и тоа пред деца

А1он19/11/2025 - 18:26

Ким Џонг Ун: Предизвиците не можат да ги попречат врските Северна Кореја и Русија

Горан Наумовски24/10/2025 - 11:22

Северна Кореја испали балистички ракети

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 08:34

Трамп е нервозен од здружувањето на Путин, Си Џинпинг и Ким Џонг Ун

Горан Наумовски03/09/2025 - 09:14

Би-Би-Си: Ова е фотографијата од парадата што светот ќе ја памети

Горан Наумовски03/09/2025 - 07:24

Ким Џонг Ун: Важно е драстично да се зајакнат силите за специјални операции

Горан Наумовски28/08/2025 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен