Џон Тори нов градоначалник на Торонто

Од:

Граѓаните на Торонто на изборите за градоначалник го избраа умерениот конзервативец Џон Тори, кој ќе го замени контроверзниот Роб Форд, со што е ставен крај на хаотичните 18 месеци во Градското собрание.

Главен ривал на 60 -годишниот радио водител, му беше братот на Роб Форд, Даг кој во изборната трка влезе со цел да го замени својот брат, кој одеднаш се повлече поради здравствени причини, пренесе „Франс прес“.

Канадските медиуми наведуваат дека истовремено Форд го добил своето старо место во градското собрание.

Прелиминарните резултати покажуваат дека од вкупно 53,4 проценти од избирачите, 40 проценти својот глас го дале за Тори, додека Форд добил 34 проценти од гласовите.

Ториевата кампања почива на ветувања дека ќе ја премости поделбата помеѓу таканаречената „нација на Форд“, граѓани од предградијата, кои бараат пониски даноци за недвижностите и жителите на центарот кои очајно сакаат да се стави крај на периодот на скандали во Градското собрание, поради што би гласале за кој било освен за браќата Форд.

– Додека јас сум лидер на градот, секој агол од Торонто ќе биде важен – истакна Тори.

Инаку Роб Форд (45) го привлече светското внимание со изјавата дека пушел „крек“, додека ја извршувал функцијата градоначалник и вети дека семејството Форд ќе се врати на сцената на новите избори за градоначалник во 2018 година.

-Ние никогаш не се откажуваме, за четири години ќе видите уште еден пример дека никој од семејството Форд никогаш не се откажува- истакна тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски