Џон Кирби: Борбата со џихадистите од ИД може да потрае со години

Од:

Борбата против џихадистите од Исламска држава (ИД) може да потрае со години, изјави за Би-Би-Си портпаролот на американскиот Пентагон, генерал Џон Кирби.

Според американскиот генерал, досегашните воздушни напади врз позиците на ИД, успеале силно да ги протресат редовите на оваа исламистичка милитантна група, но тоа не значи дека работата е завршена, ниту ќе биде завршена во скоро време.

– Ги погодивме онаму каде сакавме да бидат погодени. Сепак, ИД останува и натаму сериозна закана, која не може да се елиминира за неколку денови или месеци, рече генерал Кирби.

Изјавата на портпаролот на Пентагон доаѓа по новите воздушни напади врз ИД на територијата на Сирија во реонот на градот Кобане, близу до сириско-турската граница. Од пред неколку денa градот е заземен од џихадистите, што предизвика бегство на околу 130 илјади сириски Курди во Турција. Од почетокот на офанзивата, Исламска држава има заземено голема територија во североисточна и северна Сирија, како и во северните делови од Ирак.

Военото воздухопловство на САД досега изврши близу 200 воздушни напади врз џихадистите, а од понеделникот ги бомбардира и нивните позиции и бази на сириската територија.

Бомбардирањата врз Сирија, уследија откако Вашингтон со писмо ги извести властите во Дамаск за операциите против ИД, во настојувањето да се спречи создавање „безбедносен простор“ за џихадистите на сириска територија.

Нападнати се штабот на ИД во градот Рика во северисточна Сирија, како и центрите за воена обука, воените и други возила што ги користат џихадистите и складиштата со оружје и воена опрема, сместени на неколку локации.

Во нападите се убени најмалку 70 џихадисти, како и уште 50 припадници на други милитантни исламистички групи, за кои се знае дека се поврзани со мрежата на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија