Џон Кери организира средба за решавање на кризата во Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Њујрок организираше средба, чија цел е да им се даде „нов дипломатски импулс“ на напорите за решавање на кризата во Сирија, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Како што јави Би-Би-Си, на средбата, покрај домаќинот Кери, присуствувале и шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија, Јордан, Саудиска Арабија, Турција и Франција.

Според Кери, на разговорите, кои се очекува да продолжат и во следните неколку дена, станало збор за идеите за иницирање „нов дилпоматски импулс кој би овозможил ставање крај на конфликтот во Сирија и создавање мирна иднина“ за Сирија без сирискиот претседател Башар ел Асад.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак