Џон Кери: Борбата против ИД може да трае со години

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека борбата против џихадистите од групата Исламска држава (ИД) може да потрае повеќе години.

На специјалната средба на високо ниво што се одржува во Брисел со членките на меѓународната коалиција, предводена од САД, за борба со ИД, Кери рече дека „борбата ќе потрае толку колку што тоа ќе биде потребно“.

Министри за надворешни работи од околу 60 земји-членки на оваа коалиција, се собрани за да ги согледаат досегашните резултати. Од септември оваа година, воените авиони на САД, Велика Британија, Франција и уште некои други земји учествуваат во бомбардирањето на позиците на припадниците на ИД во Ирак и во Сирија, во реонот на градот Кобане, помагајќи им на сириските Курди кои единствени војуваат со џихадистите.

ИД и натаму контролора голема територија од Сирија и Ирак на која тврди дека сака да создаде „Исламски Калифат“. Џихадистите изминатите месеци спроведуваат операции на заробување и брутално ликвидирање на шиитите и на немуслиманите.

Според Кери, станува збор за закана која е опасна за сите во регионот на Блискиот Исток, но и пошироко, па затоа на конферецијата во Брисел изрази задоволство од постигнатата цврстина и единството на меѓународната заедница да му се застане на падот на ИД.

Турција која формално е дел од коалицијата, продолжува да има сосема различни позиции кон целата опваа операција од САД. Официјална Анкара бара воспоставување зона на забранети летови во пограничкиот дел на Сирија, за да им дозволи на Американците користење на нивните бази на турска територија за напади против позиците на ИД.

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји