Директорот на ЦИА, Џон Бренан во врска со извештајот на американскиот Сенат поврзан со методите на испрашување, кое ги употребувале агентите на ЦИА, рече дека биле сурови, но истакна дека благодарение на нив тие доаѓале до информации поради кои се спасени голем број животи.
Тој призна дека некои агенти дејствувале надвор од своите надлежности и дека за тоа требале да одговараат.
Меѓудругото Бренан напомена и дека ЦИА направила голем број добри работи во време на присуство на страв од нови напади на Ал Каеда на тлото на САД.
За време на користењето на спорниот програм во 2002 година тој беше високо официјално лице во ЦИА.
Е. Г.