Осумнаесетгодишна Британка е една од низата млади жени кои што заминаа да се борат, на страна на Исламска држава. Оваа анонимна девојка со својата изјава ја потресе светската јавност, затоа што наведе дека би сакала да ја види главата на Дејвид Камерон ставена на колец.
Имено таа го обвини премиерот на Британија дека раководи и поттикнува војна против муслиманите и затоа сака да му се освети.
Покрај тоа наведе дека воопшто не стравува што ќе го изгуби британското државјанство. Британската јавност ја загрижува податокот што се поголем број млади жени се пријавуваат и заминуваат во џихад. Тие зад себе оставаат цели семејства и заминуваат да се борат за „повисоки цели“ и Алах.
-Ќе даде Господ да дојде ден кога главата на Дејвид Камерон ќе биде на колец, доколку неговата војна со заштитниците на Алах продолжи-напиша девојката на социјалната мрежа „Твитер“.
Таа дури и ги охрабрува другите млади Британци да одлучат и да заминат во Сирија да војуваат.
-Можеби имам само 18 години, но знам дека ова е вистинската одлука. Останувањето во Британија целосно го негира исламот-напиша таа.
Е. Г.