Анализата на социјалните мрежи покажа дека популарноста на Идил расте со оддалечување од зоните зафатени од војна.
Поддршката која џихадистите на Исламската држава Идил меѓу корисниците на социјалните мрежи во Белгија, Велика Британија, Франција и САД е поголема од кај корисниците во Сирија и Ирак, покажува анализата на италијански научници, пренесе Гардијан. Студијата е спроведена на повеќе од 2 милиони постови на арапски јазик на Фејсбук и Твитер, во период од три и пол месеци.
Се покажа дека Идил, на пример во Сирија, драматично ја губи популарноста, бидејќи за нивниот поход и намерите да воспостават калифат негативно се изразиле 92 отсто од анализираните корисници.
Освен по ѕверствата, џихадистите се познати по забрзаната пропагандна машина зад која стојат професионалци обучени успешно да ги заобиколат сите пречки на кои можат да наидат на интернет. Нивните напори изгледа не даваат ефекти. Иако поддршката на Идил главно е занемарлива, во последно време се бележи благ раст меѓу членовите на онлајн заедницата. 48 отсто објави во Катар, 35 отсто во Пакистан, 31 отсто во Белгија и речиси 24 отсто во Обединетото Кралство и 21 во САД се заведени во корист на џихадистите. Нешто помала поддршка е забележана во Јордан каде помалку од една петтина јавни истапи на социјалните мрежи може да се сметаат за проџихадистички, а состојбата е речиси идентична во Саудиска Арабија и Ирак.
Тимот кој го спроведе истражувањето собра експерти од многу области – политиколози, преведувачи и статистичари, кои утврдија дека религиозниот легитимитет на Идил е една од основните точки на спорење внатре во интернет заедницата. Меѓу јавувањата интонирани против Исламската држава, една третина замеруваат на злоупотребата на исламот поради тесни приватни интереси.
Аналитичарите како пример на таквиот сегмент издвојуваат еден твит: – Тие се тирани кои го пореметија исламот. Поради џихадистите нашата религија секојдневно изгледа како немилосрдно сексуално чудовиште.
Речиси третина антиџихадистички јавувања на интернет искажуваат гнев поради насилните методи кон кои прибегнува Идил, додека нешто помалку од една петтина истакнуваат ограничување на политичките и религиозни слободи.
Во исто време, во значително помала групација на тие кои на интернет се изјаснуваат афирмативно за Идил, како најдобра карактеристика на организацијата се препознава нивниот потенцијал да собираат симпатизери со религиски аргументи.
Иако се верува дека омразата кон западниот систем на вредности е еден од клучните обединувачки фактори на поддржувачите на џихадистите, анализата на италијанските научници покажа дека тој став го делат нешто повеќе од осум проценти на испитаници.
Пребарувајќи ги поимите како калифат или името на лидерот на Идил Абу Бакр ел Багдади, најдени се над 2 милиона постови, од кои огромен број се на Твитет.
Истражувањето покажа и дека најдраматичните настани на теренот во голема мерка го одредија сегментот на онлајн заедницата кон џихадистите. Сцените со насилство какви што беа сечење на глави на американските новинари или масакрот на малцинствата, влијаеа на големиот пад на популарноста на организацијата. Исто така, кога меѓународната заедница покрена операција бомбардирање на џихадистите, забележан е раст на нивната популарност.
Политика